Многумина можеби го направиле ОВА со фискалните сметки и Мој ДДВ, но е строго забрането

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ, јави Centar.mk Пример дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ при што би се направил поврат на личната сметка. Одговорот е дека ова е строго забрането и казниво согласно закон. Фискалните сметки издадени за компанија, се прикачуваат…

Нови важни промени на апликацијата за Мој ДДВ – еве за што се работи

Обнова на апликација МојДДВ за корисниците на мобилните телефони. Граѓаните со промените сега ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки. Новата веб апликација деновиве ќе биде достапна преку интернет страната на Управата за јавни приходи, а начинот на користење е ист како и кај мобилната верзија. Веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка.…

Нови цени на горивата во Македонија – Ќе има ли поскапување утре

Оваа недела дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар по литар, додека бензините се продаваат по истите цени како и досега. Малопродажната цена на еуродизел изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 50,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се сменија, односно се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената…