Висока профитабилност поткрепена од големиот обем на продажба и континуираната оптимизација на трошоците

Финансиските резултати во првата половина од 2019 година бележат зголемена профитабилност, остварувајќи континуирано подобрување на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, вклучувајќи ја тековната оптимизацијата на оперативните трошоци како резултат на постигнатите оптимални органограмски активности, како и понатамошната рационализација на индиректните трошоци. Според тоа, прилагодената ЕБИТДА, како главен показател за оперативната профитабилност на компанијата, достигна 157 милиони денари за првата половина од 2019 година, надминувајќи ги 152 милиони денари од истиот период минатата година. Приходите од продажбата изнесуваат 12.639 милиони денари и се повисоки споредено со истиот…

Конечно: Македонците ќе можат да го користат PayPal во целост

Советот на Народната банка (НБ) на денешната редовна седница донесе одлука за изменување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените, информираат од НБ, се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки…

Овие грешки НЕ СМЕЕТЕ да ги правите при користење на кредитни картички

Прв потфат на многумина, кои имаат можност за користење на кредитни картички е нивното што поскоро отворање. За жал, многу од нив се млади и без искуство за планирање на своите финансии и управувањето со парите. Тоа може да доведе до многу проблеми и лоша финансиска ситуација. Но, отворањето кредитна картичка не мора да биде катастрофално, доколку знаете како правилно да ги користите. Издвојуваме неколку грешки кои треба да ги избегнувате: Доцнење со уплата Кога ја вадите картичката, банкарот најчесто ви го кажува датумот кога доспеваат вашите обврски за плаќање.…

РОДЕНИ ЗА БИЗНИС: Заработиле милијарди, а немаат ниту средно школо!

Бизнисмените како Ричард Брансон, Амансио Ортега, Франсоа Пино, Дејвид Мардок и Џоа Луиса го освија светот иако не успеале да завршат повеќе од основно. Ви ги претставуваме најпознатите богаташи кои не успеале да завршат ниту средно училиште, но со својата работа стекнале богатство вредно милијарди долари! Ричард Брансон – богатство: 5 милијарди долари – земја: Велика Британија – компанија „Вирџин груп“ – роден: 18. јули 1950 – училиштето го напуштил на 16 години – Британскиот магнат поради дислексија бил исклучително лош во школо, па на 16 години го напуштил Последните…

Многумина можеби го направиле ОВА со фискалните сметки и Мој ДДВ, но е строго забрането

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ, јави Centar.mk Пример дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ при што би се направил поврат на личната сметка. Одговорот е дека ова е строго забрането и казниво согласно закон. Фискалните сметки издадени за компанија, се прикачуваат…

Нови важни промени на апликацијата за Мој ДДВ – еве за што се работи

Обнова на апликација МојДДВ за корисниците на мобилните телефони. Граѓаните со промените сега ќе имаат увид во состојбата и ќе може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки. Новата веб апликација деновиве ќе биде достапна преку интернет страната на Управата за јавни приходи, а начинот на користење е ист како и кај мобилната верзија. Веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка.…

Нови цени на горивата во Македонија – Ќе има ли поскапување утре

Оваа недела дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар по литар, додека бензините се продаваат по истите цени како и досега. Малопродажната цена на еуродизел изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 50,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се сменија, односно се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената…

Покачување на пензиите

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Надлежното министерствто за труд вели дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите. И покрај препораките на Светска банка за замрзнување на пензиите, тие растат. Претходната влада усогласувањата ги правеше надвор од закон и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите. Актуелната власт обезбеди стабилна исплата и континуиран раст. Доказ за тоа се статистичките параметри. Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530денари, наведуваат од МТСП. Доказ за тоа се…

Vip станува А1

Сигурно изминативе денови на одредени македонски интернет и телевизиски медиуми ја забележавте новата рекламна кампања за брендот А1. А1 Телеком Австрија Групацијата, чиј член е телекомуникациската компанија Вип, во 2017 ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Вип на македонскиот пазар и оттука, најверојатно во септември оваа година Вип брендот ќе биде заменет со А1 брендот. Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку…

Новите услови од „Купи куќа, купи стан“ ќе ја стимулира продажбата на станови

Градежната комора на Македонија го поддржува проектoт „Купи куќа, купи стан“ од почетокот на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе влијае на стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе. Дополнително се поддржува пораст на градежниот сектор во делот на високоградба преку градење на нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а со тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија. Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателотот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски. Посочи дека од овој проект корист ќе…