Еве како да заработите на ИНТЕРНЕТ!

Една од најубавите предности на интернетот е можноста за заработка во фриленс светот. Бидејќи ова е широко поле еве листа од неколку проверени сајтови каде може да пробате да заработите.

Elance

Elance е најголемиот онлајн пазар за фриленсери. Едноставниот интерфејс ви дозволува да пребарувате работи од најразлични области. Од пишување и преведување, до веб дизајн и програмирање.

Луѓето нудат работи за кои им е потребна помош, а ваше е да напишете и да дадете својата понуда. Крајно едноставно. Колку и да заработувате моментално, можностите на Elance се неограничени. Постојат регистрирани фриленсери кои заработуваат од 1.000 до 100.000 долари годишно.

Предностите на Elance се бројни: бесплатна услуга, едноставен за навигација и користење проверени работи. Постои, секако, и по некоја мана. Напредокот и изградбата на репутација не мора нужно да дојдат брзо, бидејќи секогаш ќе постојат оние кои се подготвени да работат за 1-2 долари на час.

Fiverr

На Fiverr се` започнува со 5 долари. Ова е најниска цена за која може да работите. Едноставен веб-сајт, лесен за употреба, каде оставате податоци за услугата која ја пружате. Ако некому му треба ваша помош, ќе ви плати за да завршите некоја работа.

Добрата страна на работата преку Fiverr е што секогаш сте платени пред да ја завршите задачата, така што секоја можност за измама е елиминирана.

Исто така можно е да заработите и повеќе од 5 долари во зависност од времето кое ќе го потрошите, датумот на испорака, дополнителната работа која ќе ја извршите и слично.

Покрај загарантираната заработка, голема предност преку Fiverr е што не бара маркетинг. Работата се извршува според ваши услови.

Единствена мана е силната конкуренција.

oDesk

Сличен на Elance, oDesk им помага на фриленсерите да најдат разни работи.

Сличен сајт на кој фриленсерите можат да најдат работа е и Freelancer.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести