Повеќето луѓе не ја сакаат вечерта во недела. Тоа го потврди истражување од 2013 година, кое откри дека дури 78 отсто од луѓето чувствуваат лесна депресија во недела. Се работи за меланхонија поради враќањето на работа во понеделник наутро.
Но, можеби сепак би требало да размислите околу менување на таквата навика. Еве неколку работи кои ги прават успешните луѓе во недела навечер, како би избегнале депресија.
1. Семејство и пријатели
Тие поминуваат квалитетно време со луѓето кои ги сакаат, бидејќи сакаат да соберат доволно енергија за сите обврски.
2. Забава
Наместо лежење во кревет, успешните луѓет сакаат да планираат забава, како не би размислувале за неделната депресија и работата во понеделник.
3. Вежби
Теретана, шетање… Тоа е сјаен начин за исфрлање на токсините од телото, поради што ќе се чувствувате подобро и поздраво.
4. Јадат нешто здраво
Можеби чаша вино ви се чини како одлична идеја за недела навечер, но алкохолот остава депресивно чувство и помалку енергија во утринските часови. Наместо тоа, направете си смирувачки чај.
5. Планови
Успешните луѓе сакаат да си ја организираат својата недела однапред и составуваат список на обврски, кои мора да ги завршат. Трикот е тоа да го направите за да си ги олесните работите, а не да бидете под уште поголем стрес. Сетете се колку ќе бидете среќни кога тоа ќе го постигнете.
6. Сон
Со други зборови, заминуваат на спиење нешто порано, бидејќи знаат дека квалитетниот сон е клучен за успешно извршување на задачите.