РОДЕНИ ЗА БИЗНИС: Заработиле милијарди, а немаат ниту средно школо!

Бизнисмените како Ричард Брансон, Амансио Ортега, Франсоа Пино, Дејвид Мардок и Џоа Луиса го освија светот иако не успеале да завршат повеќе од основно.

Ви ги претставуваме најпознатите богаташи кои не успеале да завршат ниту средно училиште, но со својата работа стекнале богатство вредно милијарди долари!

Ричард Брансон

– богатство: 5 милијарди долари
– земја: Велика Британија
– компанија „Вирџин груп“
– роден: 18. јули 1950
– училиштето го напуштил на 16 години

– Британскиот магнат поради дислексија бил исклучително лош во школо, па на 16 години го напуштил Последните денови директорот му рекол дека ќе заврши или зад решетки или како милијардер. Се одлучил за второто. Отворил продавница за плочи која прераснала во издавачка куќа, а стекнал слава објавувајќи бендови како Секс пистолс. Наскоро покренал и авио-компанија, која му донела милиони, а покренал и вселенски туризам во 2005 година.

Амансио Ортега

– богатство: 69,1 милијарди долари
– земја: Шпанија
– компанија: „Индитекс“
– роден: 27 март 1936
– училиштето го напуштил на 14 години

– Најбогатиот Европеец имал само 14 години кога семејството поради работата на неговиот татко, железнички работник, се преселило од Леон во Ла Коруња. Поради сиромаштијата, тогаш го напуштил училиштето и почнал да работи како кројач, како би му помогнал на семејството, кое, освен него, имало уште три деца. Конфекцијата „Гоа“ ја основал 1972, 1975 година ја отворил првата продавница „Зара“, а брзо стекнал милијарди. Тој на 23 октомври 2015 успеал да го престигне и Бил Гејст според богатство, но само на четири часа. Живее скромно и ретко се појавува во медиумите.

Франсоа Пино

– богатство: 13 милијарди долари
– земја: Франција
– компанија: „Артемис“
– роден: 21 август 1936
– училиштето го напуштил на 11 години

– Францускиот магнат е роден во дом на сиромашни трговци со дрва. Родителите го запишале на приватно училиште, но децата му се смееле поради скромното потекло, па на само 11 години го напуштил училиштето и се вработил во семејната пилана. Иако нема формално образование, ја сака уметноста и има лична колекција од 2.000 слики, меѓу кои и дела на Пикасо. Неогивот син Франсоа-Анри често се појавува во медиумите бидејќи е оженет со Селма Хаек и има дете со Линда Евангелиста

Дејвид Мардок

– богатство: 3 милијарди долари
– земја: САД
– компанија: „Касл енд Кук“, „Пацифик клеј“
– роден: 11 април 1923 година
– училиштето го напуштилна 15 години

– Американскиот бизнисмен е роден во семејство на трговски патник, па поради сиромаштијата го напуштил училиштето на 15 години. Регрутиран е 1943 година, а по враќањето од војна се преселил во Детроит, каде живеел како бездомник. За време на случајна средба, еден хуманитарец му дал 1.200 долари, кои ги искористил да купи затворен реесторан и да ги заработи првите 700 долари. По некое време отворил заложилница, каде заработил пари, а потоа преминал на земјоделие и станал најголем произведувач на овошје и зеленчук на светот.

Џо Луи

– богатство: 5,2 милијарди долари
– земја: Велика Британија
– компанија: „Тависток груп“, Тотенхем
– роден: 5 февруари 1937
– училиштето го напуштил на 15 години

– Шестиот најбогат човек во Британија е роден во Лондон во сиромашно семејство. Поради сиромаштијата на само 15 години го напуштил училиштето и почнал да му помага на својот татко во мала угостителска фирма. Кога ја презел фирмата, се преориентирал на продажба на луксузна храна на американските туристи, а 1979 ја продал компанијата, почнал да се занимава со обврзници и се преселил на Бахамите. Со Џорџ Сорос се здружил 1992 година, по што стекнал вистинско богатство. Сега е сопственик на „Тависток груп“ и фудбалскиот клуб Тотенхем.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести