На Македонија ѝ тргна: Мега-инвестиции ќе ја “затрупаат” државава, ќе се отворат многу работни места

2019-та навистина ќе биде економска година. Бизнисмените конечно може да здивнат од инспекторите, кои ќе бидат коректори, наместо да бидат оние кои во време на режимот собираа арач.

Се намалуваат казните за бизнисите, а пред казна ќе има опомена.

Државата преку Фондот за иновации поддржува квалитетни идеи за развивање на бизнис, а нови подобрени правила важат и за странските, но и домашните инвеститори. Се зголемија сумите за поддршка на оние невработени лица кои ќе се одлучат за самовработување и наместо 3.000 евра, сега оваа сума изнесува меѓу 5 и 10 илјади евра неповратни средства. Добра вест е и мерката за млад земјоделец која сега овозможува поддршка од 20.000 евра, наместо досегашните десет.

Влезот во НАТО и решавањето на долгогодишниот спор за името, не само што го отвора патот за поголема стабилност, тоа значи и многу, многу повеќе инвестиции, а не е имагинација ако се каже дека во 2019-та ќе влезат историски најмногу странски инвестиции од историјата на Македонија до сега.

Премиерот Зоран Заев веќе соопшти дека шест грчки компании само во последните недели одлучија да инвестираат во Македонија.

Како вистинска економска бомба одекна најавата на премиерот Зоран Заев дека две нови грчки инвестиции ќе тежат фантастични 750 милиони евра, едната ќе биде во енергетскиот сектор, нешто што не се памети во нашата земја.

Заев најави и една нова германска инвестиција чија вредност ќе достигне 120 милиони евра, а тоа е на компанијата „Герешајмер“ која во следните десет дена и официјално ќе го објави ова.

Според статистиките до кои дојде Centar.mk за 2018-та година, во земјата се отворија 4.500 добро платени работни места во странски компании.

Најинтересно е тоа што досега Владата не потрошила ниту еден денар за рекламирање и промоција.

Аналитичарите коментираат дека стабилизирањето на земјата, членството во НАТО, решавањата на мега-спорот со Грција, но и пријателските договори со соседите ја направија Северна Македонија атрактивна за инвеститорите. Допрва, велат тие, резултатите ќе бидат фантастични.

2018-та ги “скрши” сите претходни во однос на инвестиции

Вредноста и бројот на странските инвестиции за последниот квартал за минатата година, како и вкупно за целата 2018, според пресметките ги кршат сите рекорди на странски инвестиции од самостојноста на нашата земја до сега.

За време на владеењето на премиерот Зоран Заев, заклучно со декември 2018-та во земјава влегле 18 странски инвестиции.

извор Centar.mk

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести