Почнува акција на УЈП: Инспектори влегуваат во фирмите на Боки 13-ка

Фирмите под капа на Боки 13, еден од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП.

Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците.

Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени.

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот- соопшти директорката на УЈП

Во однос на физичките лица директорката на УЈП вели дека ќе се контролираат по основ остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок , а од друга страна данчните обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести