Нина Ангеловска, нова министерка за финансии

Социјалдемократите до вечер треба да одлучат по предлогот нов Министер за финансии за дабиде Нина Ангеловска, која доаѓа од бизнис секторот и е ко-основач на онлајн платформата за купони со попусти “Групер”.

Во секој момент треба да помине одлуката на централниот одбор на СДСМ.

Според информации на Bilans.mk, одлуката Ангеловска ја донела, откако лично премиерот Зоран Заев ја поканил да биде прв човек на секторот финансии.

Која е Нина Ангеловска?
Нина Ангеловска, дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во 2010-тата година како студент на Генерација. Таа во 2011 ја основа платформата Групер, која станува една од најпопуларните платформи од таков тип во Македонија.

Денес Ангеловска е доктор на науки по менаџмент.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести