ЗА ИНАЕТ! Тинејџер станал милионер поради опклада со родителите!

Пред три години Ерик Финман се опкладил со родителите дека доколку стане милионер до својата 18-та година, нема да мора да оди на факултет. Го напуштил школото, бидјеќи сметал дека тоа е губење време, и учел од дома.

Минатата година Ерик прогласил победа.

– Добив опклада од милион долари со моите родители. Благодарен сум на сите, објави тој во вторникот. Неговата приказна го заобиколи светот.

Сè започнало 2011 година, кога имал 12 години, а неговата баба му дала 1.000 долари. Ерик парите ги вложил во биткоини, на препорака на својот брат Скот.

– Не бев за во училиште. Играв игри, и мојот живот беше просечен во тој момент. Колку и да се обидував, немав успех, добивав тројки и бев исплашен бидејќи моите наставници неуспесите во школо ги гледаа како нешто лошо. Еден професор ми рече дека никогаш нема да бидам успешен во ништо и дека треба да го напуштам училиштето и да се вработам во Мекдоналдс.

Родителите сепак го послушале и го отпишале од школо, но ја продолжиле неговата едукација од дома.

Ерик го уновчил првиот биткоин 2013 година, кога нивната вредност била 1.200 долари, и така го исплатил влогот. Со тие пари основал интернет компанија која им овозможува на фрустрираните ученици да најдат професори преку интернет. Пред тоа, отишол во „Старбакс“ и им понудил на сите кафе доколку ја слушнат неговата идеја и му дадат критики, а тоа го направиле 20 луѓе.

Понесен од првичниот успех, почнал да се вклучува во старт-ап компании во Силициумската долина, а на 15 години се преселил во Сан Франциско.

Ерик Финман минатата година имаше 403 биткоини, кои вредеа по 2.700 долари, што е вкупно околу 1.090.000 долари, како и нешто помали влогови во други криптовалути. Како што рекол за медиумите работи на повеќе проекти, вклучувајќи и лансирање ракети за НАСА. И натаму не жали што не оди на универзитет.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести