Финансиската полиција изненадена: За да избегне враќање на кредит влегла во опасна авантура

Една Кинескиња се одлучила на пластична операција за да го избегне враќањето на кредит од околу 3,7 милиони долари.

После пресудата на судот во Вухан за кредит, Чу Нацјуан (59) го променила изгледот и се сокрила на непозната локација.

Според податоците, таа е уапсена кога во Шенжен се обидела да купи возна карта со лажна лична карта.

И полицајците кои дошле да ја приведат биле изненадени колку повеќе не личела на себе си од сликата. Според нивните зборови „изгледала како да има 30 до 40 години“.

Во последно време локалните власти на Вухан сериозно се борат против обидите да се избегне исплата на кредит.

За првите шест месеци оваа година 186 луѓе се приведени под обвиненија дека се обиделе да избегнат плаќање на долг.

Популарно

Sorry. No data so far.

Поврзани вести